Истражување во Вашингтон: Жители на развиените земји со најмногу доверба во Меркел, а најмалку во Трамп

Фото: EPA-EFE/PETER NICHOLLS / POOL

Граѓаните на 13 развиени земји имаат поголема доверба во претседателите на Русија и на Кина Владимир Путин и Си Џинпинг отколку на американскиот претседател Доналд Трамп, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од независниот истражувачки центар Пју (Pew Research Center) со седиште во Вашингтон.

Истражувањето е спроведено меѓу испитаници од Јапонија, од Австралија, од Канада, од Велика Британија, од Холандија, од Јужна Кореја, од Шпанија, од Италија, од Шведска, од Франција, од Данска, од Германија и од Белгија. Учесниците беа прашани за нивната доверба во лидерите на САД, на Германија, на Франција, на Велика Британија, на Русија и на Кина и нивниот пристап кон меѓународните прашања.

Според резултатите, жителите на 13. држави имаат најголема доверба во германската канцеларка Ангела Меркел (76 отсто од испитаниците), нешто помалку во францускиот претседател Емануел Макрон (64 отсто), а 48 проценти од анкетираните имаат доверба во британскиот премиер Борис Џонсон. Вкупно 23 отсто од испитаниците имаат доверба во Владимир Путин во неговиот пристап кон меѓународните односи, во Си Џинпинг – 19 отсто, и најмалку (16 отсто) во Доналд Трамп.

Мнозинството од анкетираните кои изразиле доверба во Путин се жители на Италија (37 отсто) и на Германија (31 отсто). Студијата е спроведена по телефон меѓу 13.273 возрасни лица од 13 развиени земји, во периодот од 10 јуни до 3 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот