Истрагата за рекламирање на портали ќе се прошири, најавува Рускоска

Обвинителката Вилма Рускоска најавува дека истрагата која ја започнаа денеска ќе се прошири и кон други политички партии. Утрово ОЈО во соработка со МВР од три фирми одзеде документација за проверка кој, на каков начин и за која сума се рекламирал како платена политичка програма.

-Денеска истрагата почна за една политичка партија, но има сознанија и за други политички партии така што веројатно истрагата ќе ја прошириме- изјави обвинителката Вилма Рускоска за Сител телевизија.

Се започнало од Министерството за внатрешни работи, кое доставило до ОЈО известување со кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност.

-Во насока на утврдување на наводите од Известувањето, во текот на утрово во координација со обвинителството, Министерството за внатрешни работи спроведе акција при што е одземена документација од три фирми кои ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции- соопшти утрово јавното обвинителство.

На последните избори, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наречена „Обнова на Македонија“ одвоилa убедливо најмногу за реклами на сајтови – 272.000 евра, по неа следи партијата ДУИ со 134.000 евра, додека трета е коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, со потрошени 69.500.

Значителна сума за пропаганда на сајтови од 30.000 евра потрошила и коалицијата Никогаш Северна, секогаш Македонија, предводена од партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот