Истакнатиот македонски актер Владо Дојчиноски денес го одбележува својот јубилеен 40. роденден
Владо Дојчиноски е роден на 27 февруари 1986 година во Охрид. Тој е еден од препознатливите македонски театарски, филмски и телевизиски актери, а зад себе има и режисерско искуство. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Софија во 2008 година, по што истата година се вработува во Народен театар Куманово.
Препорачано
Освен театарската сцена, активен е и во патувачкиот театар „Колозов“, каде веќе неколку години ја извршува и функцијата директор.
На телевизиската публика особено ѝ е познат по улогите во серијата „Македонски народни приказни“, проект што со години наназад ужива голема гледаност и популарност. Токму преку овие улоги, Дојчиноски стана препознатливо лице во македонските домови.
Во својата филмографија бележи бројни проекти, меѓу кои:
„Македонски приказни“, „Сенки“, „Царската е последна“, „Тврдокорни“, „Женски итроштини“, „Потрага по загубеното богатство“, „Вистински приказни“, „Мејкинг оф“, „Бистра вода“, „Послушајте патриоти“, „Утре наутро“ и „Враќање во иднината“.
Низ годините, Владо Дојчиноски гради стабилна и посветена кариера, останувајќи верен на театарот, но и постојано присутен на малите екрани.


