Испуши 250 цигари за 10 минути, две години не зборуваше со Зидан!

фото: твитер

Екс членот на Баерн Минхен и поранешен француски репрезентативец беше многу разочаран после финалето на Мундијалот пред 14 години.

Своевремено играч во делот на одбраната, Вили Сањол откри дека две години не зборуваше со Зинедин Зидан после поразот во финалето на Светското првенство во 2006 година.

Франција во финалето на Светското првенство загуби од Италија после пеналите. Помеѓу моментите кои го одбележаа натпреварот е и црвениот картон кој го доби Зидан откако го удри Марко Матераци со глава.

– Влеговме во соблекувалната, загубивме. Имаше тука човек кој зборуваше, се извинуваше. Но, не можев да го слушам. Бев разочаран. Не сакав да го слушам неговото извинување, ни да зборувам со него. Отидов во тоалет, испушив 250 цигари за 10 минути – се потсети поранешниот фудбалер на Баерн, Сањол.

Во 2006 година „Галските петли“ поведоа со голот на Зидан од белата точка, а потоа Матераци во дресот на „Аѕурите“ донесе израмнување.

– Две години не разговарав со Зидан. После Европското првенство во 2008 година се оженив. Мојата сопруга ми рече да му се јавам. После тоа сè си беше нормално – додаде Сањол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот