Иран на секои 23 секунди пријавува нов случај на коронавирус

Фото: Архива

Во изминатите 24 часа во Иран регистрирани се рекордни 3.825 новозаболени со Ковид-19 или на секои 23 секунди пријавен е нов случај, соопшти денеска иранското Министерство за здравство.

Во истиот период во земјата од последици од новиот коронавирус починале 211 луѓе односно на секои седум миниути бил пријавуван по еден смртен случај.

– Со рапидниот раст бројот на смртни случаи се искачи на 23.380, а над 460.000 луѓе се инфицирани со Ковид-19, изјави портпаролот на иранското Министерство за здравство, Сима Лари.

Експертите бараат итно воведување на карантин, на што се спротиставува иранскиот претседател Хасан Рохани поради економската криза во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот