ИНТЕРВЈУ | Христијан Стојановски – Крис успешно ги искачува вертикалите на интернационалниот моделинг: Ме мотивира можноста што можам да видам и доживеам повеќе од овој свет

Христијан Стојановски – Крис
Фото: Приватна архива

Дека кариерата како модел во интернационални рамки не е недофатлив сон зборуваат се‘ повеќе успешно лансирани моделинг приказни на наши млади модели. Еден од нив е и Христијан Стојаноски – Крис.

За прв пат почнува со моделинг во 2016 год , а првиот ангажман му е  едиторијал за Теа Модерна .Веќе следната година ја слика пролетната кампања за брендот „Битсиани“. Во тој период доаѓаат букери од модната агенција Фокс од Белград и веднаш потпишува договор за интернационален пласман .Откако почнува да работи во Индија прв ангажман му е иком каталог за брендот „Томи Хилфигер“. Потоа следат  кампањи за „Hugo boss“, „Bitsiani“, „Lacoste“, како и најновата реклама за популарното индиско виски „Blenders Pride“. Но според најавите се чини дека допрва го чекаат возбудливи ангажмани.

Христијан Стојановски – Крис
Фото: Приваатна архива

Моделингот како твоја поранешна желба или случајно откритие?

Случајно откритие би рекол со оглед на тоа дека имав други планови и цели меѓу кои моделингот не спаѓаше во нив..но со тек на време  како што почнав да созревам, а моите најблиски пријатели ги препознаваа моите предиспозиции во оваа област,  решив да контактирам со Aлек и Models In.

Христијан Стојановски – Крис
Фото: Приватна архива

Колку твојата првична претстава за тоа како функционира интернационалната модна сцена се разликуваше од сликата стекната со новото искуство?

Отприлика знаев како функционира преку консултација со модели кои претходно работеле во странство итн. Како и со мојот матичен агент кој има огромно меѓународно искуство. Разликата е во тоа што таму работиш на професионално ниво во однос на работата, околината итн. Со што самото тоа те надградува уште повеке као модел и пред се како човек.

Христијан Стојановски – Крис
Фото: Приватна архива

Што говори досегашното искуство? Што те одушеви, те разочара а што мотивира за понатамошна работа ?

Ме воодушевува тоа што како млади индивидуи имаме неверојатни можности за патување во различни земји, самата работа ви овозможува да посетите егзотични места, да запознаете и контактирате луѓе од целиот свет и како што е познато низ целиот свет тој  „Models life “… ме мотивира можноста што можам да видам и доживеам повеќе од овој свет.

Христијан Стојановски – Крис
Фото: Приватна архива

Што конкретно имаш сработено до сега?

Главно каталози и кампањи со брендови како „Tommy Hilfiger“, „Hugo boss“, „Bitsiani“, „Lacoste“, како и најновата реклама за популарното индиско виски „Blenders Pride“.

Христијан Стојановски – Крис
Фото: Приватна архива

Како и на кој начин се справуваш со конкуренцијата, која се знае дека е огромна?  Колку физичка и ментална подготовка е потребна?

Се справувам со конкуренцијата гледајќи да бидам што е можно поавтентичен на свој начин, нагласувајќи го своето јас и обрнувајќи внимание на моите најважни квалитети со кои можам да добијам  потенцијална кампања и клиент. Се подразбира дека е неопходна ментална подготовка, бидејќи не е секогаш добра сезона и не сте секогаш избрани пред другите. но гледајќи ја позитивната страна, без разлика на околностите, крајот е секогаш сладок.

Христијан Стојановски – Крис
Фото: Приватна архива

Каков тип на модели се бараат во моментов ?

Комерцијални и фешн модели воопшто, секако во зависност од пазарот и локацијата.

Христијан Стојановски – Крис
Фото: Приватна архива

Кои се твоите надежи, очекувања,желби и цели во градење на кариерата? Кои претстојни проекти , понуди и ангажмани  те очекуваат?

Очекувам во следниот период да го ловам  азискиот пазар, кој според мене најмногу ми одговара од аспект на мојата возраст и досегашното искуство – целам кон тоа да работам на повеќе брендови кои отсекогаш сум сакал да  сликам и да го најдам најдоброто место за работа.живот во кој најмногу би се пронашол самиот себе.

Христијан Стојановски – Крис
Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот