Интер за 60 милиони евра ќе го продаде Ериксен!?

фото: твитер

„Неро-аѕурите“ би можеле летово да го продадат Кристијан Ериксен доколку добие понуда од 60 милиони евра.

Данецот се пресели од Тотенхем на „Џузепе Меаца“ во јануари за 20 милиони евра. Данецот не се снајде најдобро во клубот, а во понеделникот остана на клупата во дуелот со Торино.

Според италијанските медиуми тренерот Антонио Конте го потсетил Ериксен „дека не игра во Англија” по тој дуел.

Откако дојде во миланскиот клуб се шпекулира дека Конте никогаш не сакал да го донесе, туку се обидел да го ангажира Артуро Видал од Барселона.

„Спорт Медијасет” објави дека Интер сака да го продаде Ериксен за 60 милиони евра, додека „Гаѕета дело Спорт” објави дека тренерот планира да го измеша тимот и го известил раководството дека „најмалку 11 играчи” се на продажба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот