Интер најблиску до потписот на „новиот Пирло“!? (ВИДЕО)

dailymail.co.uk/ap

Бреша првично бараше 50 милиони евра за младиот фудбалер, но поради ситуацијата со Ковид-19, можно е цената на трансфер пазарот да падне на 40 милиони евра.

Како што информираат италијанските медиуми, Интер ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали. За 20-годишниот играч од средниот ред, кој го споредуваат како новиот „Андреа Пирло“, се поврзува и со трансфер во Јувентус, Милан, Манчестер јунајтед и Барселона.

„Неро-аѕурите“ денеска објавија дека и официјално се разделија со аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди.

Според „Гаѕета дело Спорт“, Тонали е апсолутен приоритет на Антонио Конте и сега со парите од продажбата на Икарди, можно е наскоро да се реализира трансферот на „Џузепе Меаца“.

Бреша првично бараше 50 милиони евра за младиот фудбалер, но поради ситуацијата со Ковид-19, можно е цената на трансфер пазарот да падне на 40 милиони евра.

Оваа сезона досега Тонали реализираше еден гол и запиша пет асистенции во 23 натпревари во Серија А, а воедно има три мечеви за најдобрата италијанска репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот