Инструктор од САД ги обучуваше тетовските полицајци за специјални интервенции
Тетовските полицајци денеска имаа обука од инструктор од Соединетите Американски Држави (САД), кој им прикажа како да постапат при приведување, лишување од слобода, рација, одбрана, самоодбрана и други интервентни постапки.
Препорачано
Обуката се одржуваше во спортската сала на средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово.
– Се одржа обука во рамките на која инструкторот во Единицата за обука и подготовки на полициски службеници при специјални интервентни акции S.W.A.T., Уликс Ѓонај, практично ги обучуваше полициските службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар, Oдделот за обезбедување личности и објекти, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за обука и поддршка за постапување при специјални интервенции и тоа: приведување, лишување од слобода, рација, одбрана, самоодбрана и други интервентни постапки – информираше портпаролот Марјан Јосифоски.
Портпаролот соопшти и дека полициските службеници кои присуствувале на обуката имаа можност со одбранбени зафати и постапки на практичен начин да ги извежбаат најмодерните и ефективни тактики при постапување во специјални и ризични задачи.


