Инспекции во околу 100 угостителски објекти во Аеродром, ќе се проверуваат и зградите, училиштата и градинките

Од Општина Аеродром информираат дека во текот на изминатава недела извршиле инспекциски контроли на околу 100 угостителски објекти на територија на општината, а од понеделник започнува со проверка на хидранти во станбените објекти.

-Во тек е обработка на податоците што се собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење на угостителска дејност- велат од Општината.

Исто така, оттаму соопштија дека е изготвен план за контрола на хидрантските мрежи во станбените објекти, пристапите и излезите објектите за колективно домување и најавија дека од понеделник, во соработка со куќните совети и со управителите на станбените објекти, започнува инспекција за состојбата во зградите.

Од општина Аеродром додадоа дека претходно, на 18 март, в.д. градоначалникот Дејан Митески испратил барање до сите основни училишта, детски градинки, при што во најкус можен рок треба да достават одговори за состојбата со хидрантските мрежи во објектите, како и за ажурирањето на апаратите за гаснење пожар.

Исто така, потребно е да достават и елаборати за противпожарна заштита, како и планови за евакуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот