Инфлацијата во ЕУ во април на највисоко ниво за изминатите 2,5 години

Инфлација, илустрација / Фото: МИА

На ниво на Европската унија, годишната инфлација, мерена според усогласениот индекс на потрошувачки цени (ХИЦП), беше повисока за 0,3 процентни поени во април отколку во март и изнесуваше 2,0 проценти, што е највисоко ниво од ноември 2018 година.

Годишната инфлација во Европската унија во април го достигна највисокото ниво во речиси две и пол години, покажа извештајот на Евростат.

На ниво на Европската унија, годишната инфлација, мерена според усогласениот индекс на потрошувачки цени (ХИЦП), беше повисока за 0,3 процентни поени во април отколку во март и изнесуваше 2,0 проценти, што е највисоко ниво од ноември 2018 година.

Во април минатата година изнесуваше 0,7 проценти. Исто така, во еврозоната е зголемена за 0,3 процентни поени во споредба со март, на 1,6 проценти, што е највисоко ниво од април 2019 година.

Во април минатата година беше 0,3 проценти.

Најголем „придонес” кон годишната стапка на инфлација во областа на примена на единствената европска валута даде енергетскиот сектор, од скоро еден процентен поен. Во април, цените на енергијата скокнаа за 10,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година, утврди Евростат. Убедливо највисоките стапки на инфлација има во Унгарија и Полска во април, со 5,2, односно 5,1 процент. Следува Луксембург со годишен раст на потрошувачките цени од 3,3 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот