Инфантино: Ќе предложам секоја земја да именува стадион по Пеле

фото: EPA-EFE/Isaac Fontana

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино изјави дека ќе предложи по еден стадион во секоја земја да го носи името на Пеле.

Инфантино е во Бразил каде Пеле ќе биде погребан утре. Бразилецот почина пред четири дена на 82-годишна возраст.

– Ќе предложам секоја земја во светот да именува еден од своите стадиони по Пеле – изјави првиот човек на ФИФА од Бразил.

Ковчегот со смртните останки на Пеле рано утринава по локално време беше доставен на стадионот Сантош, каде што ќе биде јавно изложен.

„Сите ние кои ја сакаме оваа прекрасна игра се надевавме дека нема да дојде овој ден. Денот кога го загубивме Пеле. Неговиот живот беше поголем од животот на обичен фудбалер. Тој ги промени перцепциите на подобро во Бразил, Јужна Америка и во целиот свет. Неговото наследство е невозможно да се сумира со зборови – рече Инфантино.

Ковчегот со телото на Пеле беше пренесен на стадионот на Сантош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот