Ковчегот со телото на Пеле беше пренесен на стадионот на Сантош

фото: EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Ковчегот со телото на легендарниот бразилски фудбалер Пеле денеска беше префрлен од болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло на стадионот на Сантош.

Бразилските медиуми пренесуваат дека бдението ќе се одржи на стадионот на Сантош, „Урбано Калдеира“.

А ковчегот со телото на легендарниот фудбалер ќе биде поставен во центарот на теренот за секој што сака да може да му оддаде почит и да се прости од Пеле, кој почина на 29 декември на 82-годишна возраст во болницата „Алберт Ајнштајн“ по долга битка со ракот.

Пред стадионот на Сантшс имаше илјадници навивачи, кои сакаат да се простат од еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Пеле ќе биде погребан во вторник, а погребната поворка ќе помине низ населбата во која живее 100-годишната мајка на Пеле, Селест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот