Индијан Велс: Синер сигурен, чешки тенисер го изненади Рубљов

Фото: EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Освојувачот на Австралија Опен и во овој момент трет тенисер на АТП листата, Јаник Синер ја продолжи добрата форма во 2024 година и обезбеди место во осминафиналето на Индијан Велс.

Италијанскиот тенисер беше подобар од Јан Ленарт Штруф со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4). Мечот траеше само 74 минути. Синер по почетните 1:1 врза три гема во низа и ја одбрани предноста за да поведе со 1:0 во сетови. Вториот сет донесе малку повеќе неизвесност и Штруф беше блиску да се врати во игра во осмиот гем, меѓутоа фаворитот на крајот мирно го приведе мечот кон крајот.

Првото големо изненадување на турнирот го направи Јиржи Лехецка кој го победи Андреј Рубљов со 2:0 (6:4 и 6:4). Со овој триумф тој стана првиот тенисер од Чешка кој победил тенисер од топ 5 по 2013 година. Лехецка одигра одлично и направи минимален број грешки, па заслужено се најде во следната фаза. Негов противник во осминафиналето ќе биде Стефанос Циципас.

ВИДЕО: Алкараз преку Оже-Алијасим во осминафиналето на Индијан Велс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот