Индиец отишол да се буни кај семејството на тинејџер кој објавил „вулгарно“ видео од ќерка му, таму го претепале до смрт

Индија полиција/ Фото: Karen Beattie / Alamy / Alamy / Profimedia

Полицијата во индиската држава Гуџарат уапси седум лица за наводно претепување на војник до смрт. Војникот Мелаџи Вагела бил нападнат откако протестирал поради објавувањето на видео од неговата ќерка тинејџерка на интернет, се вели во соопштението на полицијата. Во жалбата се наведува дека видеото станало вирално по објавувањето.

Наводните напаѓачи се членови на семејството на тинејџер кој го објавил видеото. Во нападот се повредени и сопругата и синот на Вагела. Жртвата работела во индиските гранични безбедносни сили. Според полицискиот извештај поднесен од сопругата на Вагела, Манџула, нападот се случил во саботата во областа Кеда во Гуџарат.

Вагела, неговата сопруга, двата сина и внукот отишле во куќата на тинејџерот да се пожалат дека тој наводно ја пуштил снимката од девојката. Неколку медиуми го опишаа видеото како „вулгарно“. Расправијата прераснала во тепачка, а роднините на момчето со „дрвени стапови“ и „остри предмети“ ги нападнале војникот и неговото семејство.

Вагела бил тешко повреден и починал на лице место, додека еден од неговите синови е во болница со повреди на главата. Против седуммината обвинети полицијата поднесе пријава за убиство. Вчера биле испратени во притвор, но се уште не се изјасниле за вина, пишува Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот