Инцидент пред прволигашкиот натпревар Шкендија – Шкупи

Има повредени играчи пред влезот на стадионот во Тетово/Фото: facebook.com/fcshkupi1927

Како еден од поинтересните натпревари во Првата македонска лига, од 17.00 часот Шкендија во Тетово е домаќин на Шкупи.

Тимот од Чаир кој веќе ја освои шампионската титула има 72 бодови на врвот, а Шкендија која се бори за излез во Европа е третопласирана со 59, два помалку од Академија Пандев.

Според „Телевизија Шења“ пред влезот на стадионот во Тетово, нападнати се играчите и стручниот штаб на Шкупи.

Неофицијалните информации велат дека има неколку повредени играчи. Бил фрлен факел во правец на бело-синиот тим.

Воедно навивачите на Шкупи, верните „Шверцери“ сакаа да бидат дел од трибините во Тетово да ја дадат поддршката за ФК Шкупи, но беа сопрени од полициски кордон уште на првата патарина на патот од Скопје кон Тетово.

Видеото на ТВ Шења можете да го погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот