Имаше шампионски амбиции во НБА лигата, но на крајот доби отказ!

Фото: твитер

Како што информираа американските медиуми, Док Риверс не е повеќе тренер на Лос Анџелес Клиперс. Успеа да исполни многу свои цели, додека некои други ги загуби од вид.

Адријан Војнаровски на „Твитер“ напиша дека Риверс си заминува од клубот, а набргу потоа и Риверс имаше објава, збогувајќи се со навивачите, играчите и управата, иако имаше уште две години од договорот.

– Благодарност до ЛА Клиперс кој ми дозволи да бидам тренер и им се заблагодарам за поддршката што ми ја пружаа. Кога го презедов тимот, имав цел да направам победничка екипа, дестинација во која секој слободен играч ќе сака да дојде и да ја освоиме шампионската титула. Успеав да исполнам многу од моите цели, додека некои други ги изгубив од вид.

Затоа сум многу разочаран од сè што се случи кога знаете дека вашата екипа има можност да биде шампион, и завршува вака, тогаш не е воопшто лесно. Им се заблагодарувам на сите тренери, играчи и вработени кои беа дел од тимот кога јас бев тренер. Најмногу благодарност до навивачите, заедно поминавме многу и им благодарам што беа дел од ист тим – напиша Риверс.

Да потсетиме, Клиперси беа елиминирани во полуфиналето на Западот од Денвер Нагетс иако имаа предност од 3:1 во победи во плеј-оф серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот