„Имам толку настрани приказни за неа“: Познатиот актер е бесен на Шерон Стоун поради приказната за присилниот секс

Сцена од „Сливер“ / Фото: - / United Archives / Profimedia

Американскиот актер Вилијам Болдвин (61) ја нападна Шерон Стоун (66) поради нејзините тврдења дека продуцентот Роберт Еванс ја принудил да спие со него за да ја подобри нивната хемија на екранот и да ги направи нивните секс сцени во филмот „Сливер“ („Sliver“) од 1993 година што е можно поубедливи.

„Не сум сигурен зошто Шерон Стоун не престанува да зборува за мене по сите овие години? Дали сè уште е заљубена во мене или сè уште е повредена затоа што побегнав од нејзиното додворување? Па, нели ѝ рекла на својата пријателка Џенис Дикинсон: ‘Толку ќе се заљуби во мене што ќе му се врти’? Имам толку многу вознемирувачки и чудни приказни за неа, но молчев. И би можел да напишам книга за сето тоа, тоа би можело да биде забавно“, напиша Болдвин на Икс, поранешен Твитер, очигледно алудирајќи на мемоарите на неговата колешка од 2021 година – „Убавината на живеењето двапати“.

Клаудија Грин, публицистката на Џенис Дикинсон, исто така го коментираше аргументот за „Дејли мејл“.

„Колку што се сеќавам, Шерон никогаш не ми го кажа тоа. Не сум сигурна зошто Били (Вилијам) Болдвин го изнесува сега. И двајцата ги обожавам, но тоа никогаш не се случи“, рекла таа.


Да потсетиме, Стоун го откри идентитетот на продуцентот кој ја принудил на секс со колега за да ја подобри нивната хемија на екранот, пишува „Дејли мејл“.

Актерката веќе ја опиша ситуацијата во своите мемоари пред три години, но сега откри дека се работи за продуцентот Роберт Еванс.

За да биде поубедлива во филмот „Сливер“ („Sliver“) од 1993 година, Еванс ја принудил Стоун да спие со Вилијам Болдвин, братот на Алек Болдвин.

Еванс, кој почина во 2019 година, ги продуцираше и „Кинескиот кварт“ („Chinatown“) и „Котон клуб“ („The Cotton Club“) и ја водеше и продукцијата на филмовите „Кумот“ („The Godfather“), „Италијанска работа“ („The Italian Job“), „Човекот наречен храброст“ („True Grit“) и „Големиот Гетсби“ („The Great Gatsby“).

„Ме повика во својата канцеларија. Трчаше низ канцеларијата, носејќи очила за сонце, и ми објаснуваше дека спиел со Ава Гарднер и дека треба да спијам со Били (Вилијам) Болдвин. Велеше дека ако спијам со него – тој ќе биде подобар. Ни беше потребно да биде подобар во филмот. Велеше дека ќе го спасам филмот ако имам секс со него“, опиша актерката.

Шерон Стоун откри: Продуцент ме натера да имам секс со колега за да го „спасам“ филмот што го снимавме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот