Шерон Стоун откри: Продуцент ме натера да имам секс со колега за да го „спасам“ филмот што го снимавме

Фото: Profimedia

Американската актерка Шерон Стоун (66) го откри идентитетот на продуцентот кој ја принудил на секс со колега за да ја подобри нивната хемија на екранот, пишува „Дејли мејл“.

Актерката веќе ја опиша ситуацијата во своите мемоари пред три години, но сега откри дека се работи за продуцентот Роберт Еванс.

За да биде поубедлива во филмот „Сливер“ („Sliver“) од 1993 година, Еванс ја принудил Стоун да спие со Вилијам Болдвин, братот на Алек Болдвин. Еванс, кој почина во 2019 година, ги продуцираше и „Кинескиот кварт“ („Chinatown“) и „Котон клуб“ („The Cotton Club“) и ја водеше и продукцијата на филмовите „Кумот“ („The Godfather“), „Италијанска работа“ („The Italian Job“), „Човекот наречен храброст“ („True Grit“) и „Големиот Гетсби“ („The Great Gatsby“).

Сцена од „Сливер“ / Фото: – / United Archives / Profimedia

„Ме повика во својата канцеларија. Трчаше низ канцеларијата, носејќи очила за сонце, и ми објаснуваше дека спиел со Ава Гарднер и дека треба да спијам со Били (Вилијам) Болдвин. Велеше дека ако спијам со него – тој ќе биде подобар. Ни беше потребно да биде подобар во филмот. Велеше дека ќе го спасам филмот ако имам секс со него“, опиша актерката која го предложила Мајкл Даглас за истата улога.

„Не морав да спијам со Мајкл Даглас. Мајкл можеше да дојде на работа, да добива инструкции, да ги вежба и да ги изврши“, додаде таа.

Да потсетиме, „Сливер“ („Sliver“) заработи 280 милиони долари, а Вилијам Болдвин направи филмска кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот