Франција би можела да ги надомести своите финансиски загуби на сред пандемија дло колку се одлучи да ја продаде сликата со Мона Лиза, пишува „Индепендент“.

Ваквиот предлог дошол од основачот на компанијата „Фаберновел“, Стефан Дистанган, проценувајќи ја вредноста на сликата на неверојатни 50 милијарди евра.

Дистанган вели дека во услови кога загубите се толку големи државата треба да размисли за продажба на вреден имот по највисока можна цена.

– Продадете дел од имотот. Таа слика лезно ќе се продаде. Имаме многу други слики. Цената мора да биде навистина висока, за сето ова да функционира. Моите проценки се дека сликата со Мона Лиза би можела да достигне цена од неверојатни 50 милијарди евра иако многумина рекоа дека претерувам, вели Дистанган.

Љубовен триаголник: Кои биле мажите што ги обожаваше Леонардо да Винчи? (ФОТО)