Има и радосни фудбалери поради одложувањето на ЕП

фото: УЕФА

Во текот на минатата 2019 и почетокот на 2020 многу фудбалери се најдоа под знак прашалник и поради повредите кои ќе ги оддалечеа од континенталниот собир.

Поради епидемијата на коронавирусот се одложуваат многу спортски натпреварувања, а помеѓу нив и Европското фудбалско првенство (за 2021) кое што требаше ова лето да се одржи во дури во 12 градови.

Одложени се и бараж мечевите во УЕФА Лигата на нации за учество на континенталниот собир, а помеѓу нив и дуелот помеѓу репрезентациите на Македонија и Косово.

Пред да бидат преземени мерките и донесени одлуките за заштита од вирусот, многу репрезентативци во текот на 2019 и почетокот на 2020 година се најдоа под знак прашалник дали ќе настапат за своите селекции на ЕП.

Голем број на играчи беа повредени и скоро тргнати од составите на селекторите, но после одлуката на УЕФА, сега има и фудбалери кои се радуваат поради одложувањето на големиот настан.

Секако од една страна се жали поради одложувањето на ЕП, а еве ја листата на фудбалери кои требаше да го пропуштат овој настан годинава: Николо Заниоло (Италија), Хари Кејн (Англија), Усман Дембеле (Франција), Еден Азар (Белгија), Марко Асенсио (Шпанија), Лерој Сане (Германија), Мерих Демирал (Турција), Мемфис Депај (Холандија), Никлас Зуле (Германија), Ченк Тосун (Турција) и Стивен Бергвијн (Холандија).

Тие сега ќе имаат шанса во целост да се опорават до почетокот на новата сезона и со надеж дека ќе се опорават од тешките повреди и бидат подготвени за ЕП наредното лето 2021.

УЕФА им даде предност на лигашките натпреварувања кои треба да завршат до 30 јуни оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот