Им судеше на Баерн и Севиља, а сега и нам во мечот на годината!

Фото: EPA-EFE/Attila Kisbenedek/POOL

Ентони Тејлор од Англија ќе биде главен судија на натпреварот в четврток (18.00 часот) во Тбилиси помеѓу репрезентациите на Грузија и Македонија за пласман на Европското првенство.

Негови помошници на „Динамо Арената“ ќе бидат сонародниците Гери Бесвик и Адан Нан.

Тејлор инаку го судеше дуелот од УЕФА Суперкупот помеѓу победниците од минатата сезона во ЛШ и Лига Европа, Баерн Минхен-Севиља (2:1) во Будимпешта.

Воглавно суди мечеви од Премиер лигата, а како интересен податок може да се одвои оној од 4 октомври одигран сезонава на „Олд Трафорд“ кога Манчестер јунајтед доживеа дебакл против Тотенхем (1:6).

Има и еден дуел во Лигата на шампионите, во ремито помеѓу Клуб Бриж и Лацио (1:1).

ВИДЕО: Сега е наше време, цел живот Македонија, ви благодариме момци!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот