Илон Маск за 2,9 милијарди долари стана најголем акционер во Твитер

Илон Маск, Твитер Фото: EPA, Pixabay

Илон Маск откри дека има удел од 9,2% во Twitter Inc (TWTR.N), вреден речиси 3 милијарди долари, што го прави најголемиот акционер на социјалната мрежа и предизвика повеќе од 25% пораст на акциите на компанијата, пишува „Reuters“.

Потегот на Маск доаѓа веднаш по неговиот твит дека „сериозно размислува“ за изградба на нова социјална мрежа

ФОТО | Колку деца има Илон Маск?

Маск има над 80 милиони следбеници откако се приклучи на страницата во 2009 година. Меѓутоа, во последно време, најбогатиот човек во светот ја критикуваше платформата за социјалните медиуми и нејзините политики, а неодамна спроведе анкета на „Твитер“ во која ги праша корисниците дали веруваат дека платформата се придржува до принципот на слобода на говорот, на што над 70% гласаа „не“.

Маск поседува 73,5 милиони акции на „Twitter”, проценувајќи го својот пасивен удел во компанијата на 2,9 милијарди долари на основа на затворањето на акциите во петок. Акциите ги држи „Elon Musk Revocable Trust”. The Vanguard Group е вториот најголем акционер на „Twitter“, со удел од 8,79%.

„Тоа навистина испраќа порака до Твитер… имајќи значаен удел во компанијата ќе ги задржи на прсти, бидејќи тој пасивен влог многу брзо може да стане активен влог“, рече Томас Хејс, управен член во „Great Hill Capital LLC“.

Регулаторното поднесување во понеделникот покажа дека Маск поседува 73,5 милиони акции на Твитер, кои се во сопственост на отповиклив труст на Елон Маск, чијшто тој е единствен повереник.

Илон Маск размислува да создаде нова социјална мрежа: Не ми се допаѓаат правилата на „Твитер“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот