Фото: Општина Илинден

Илинден во „борба“ со загадувањето, засадени 600 нови садници

На повеќе локации во општина Илинден засадени се повеќе од 600 различни видови садници со што е реализирана акцијата за пошумување во рамки на проектот „Зелена општина Илинден“. Целта на акцијата, како што што информираат од Илинден е унапредување на квалитетот на воздухот, заштита на животната средина и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Акцијата беше спроведена со заеднички ангажман на општествено одговорни компании, граѓани, ученици, јавните претпријатија и општинската администрација. Пошумувањето се одвиваше долж пешачко-велосипедски патеки, улици и патишта, во близина на училишта, детска градинка, спортски терени, како и на подрачјето во н.м. Мршевци кое беше зафатено од пожарите во текот на летото, но и на други јавни површини – велат од Општината.

На настанот присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски, кој нагласи дека грижата за животната средина е заедничка одговорност и дека преку вакви активности се придонесува за подигнување на еколошката свест, почист воздух и поздраво опкружување. Тој истакна дека ваквите еколошки иницијативи ќе продолжат и во иднина.

Според него, заштитата и унапредувањето на животната средина останува еден од клучните приоритети на локалната самоуправа, при што само во текот на 2025 година на територијата на општината се засадени околу 750 садници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот