Играч со НБА искуство го засили Куманово

Екипата на Куманово во наредната сезона во своите редови ќе има кошаркар кој настапувал во НБА лигата, откако денеска потпиша договор со Џош Селби.

Селби во 2011 година како 49. пик на драфтот беше избран од екипата на Мемфис гризлис за која вкупно одигра 38 натпревари пред да биде испратен во развојната лига.

За Селби играњето на овие простори не е непознаница бидејќи во 2014 година одреден период настапуваше за хрватската Цедевита. Американскиот кошарка има настапувано и за израелскиот Макаби Кирјат Гат, а во последен клуб во кариерата му е јужнокорејскиот Инчеон.

Тој во Куманово доаѓа на инсистирање на новиот тренер Владимир Мирковски кој бараше од управата да му ангажира квалитетен организатор на играта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот