Игор Џамбазов се прости од Мето Јовановски: Бев во облаци на нашата прва заедничка претстава

Фото: Фејсбук/Игор Џамбазов/Драмски театар

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов се прости од својот колега Мето Јовановски, кој почина денеска на 77-годишна возраст.

Во емотивната објава на Инстаграм, Џамбазов се присети на нивната прва заедничка претстава, „Смртта на Дантон“, на сцената на Драмскиот театар во осумдесеттите години на минатиот век.

„Драг мој Методија,

Се сеќавам на нашата прва заедничка претстава. ‘Смртта на Дантон’, Драмски театар, осумдесет и некоја. Ти беше Робеспјер, а јас бев Сен-Жист.

И плус бев во облаци. Јас, мочкото од Козле, на иста сцена со тебе. Како во совршен сон. За тие неколку недели на пробите научив повеќе за глумата, отколку на сите часови на академијата. Ти и не беше свесен колку мене ми значеше сето тоа…

‘Збогум сега за миг, и до скоро видување…’

Почивај во мир“, напиша Џамбазов на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Игор Џамбазов

Почина Мето Јовановски, доајен на македонското глумиште

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот