Игњатов и Омерагиќ го заменија Вардар со хрватскиот великан Хајдук

фото: hajduk.hr

Младите македонски фудбалери кои досега ги бранеа боите на Вардар, денеска и официјално се нови играчи на хрватскиот клуб Хајдук.

Леонид Игњатов (18) и Азер Омерагиќ (17) прво ќе му се приклучат на јуниорскиот тим, но ќе бидат на располагање на тренерот на втората екипа.

Исто така се членови на У19 нашата фудбалска репрезентација, Омерагиќ игра на позицијата централен напаѓач, а Игњатов е крилен напаѓач.

Игњатов во текот на ланската сезона за „црвено-црните“ имаше пет првенствени натпревари, а Омерагиќ два.

Покрај нив двајца, од Вардар во Хрватска замина и Џемал Ибиши кој потпиша договор со Локомотива Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот