Идејата му дошла на плажа во Јапонија, има продавница и во Македонија

Во Македонија веќе 3 години има продавница „Минисо“, а сега таа е присутна и онлајн. Интересен е фактот што основачот на „Минисо“, Је Гуофу инспирацијата за својата нова компанија ја добил додека бил на одмор со своето семејство во Јапонија во 2013 година.

Тој ја започна приказната на овој глобален продажен ланец, како бренд којшто допира најмногу до младите луѓе, во време на период на кинеската економска трансформација, кога ја искористи можноста да започне нов бизнис модел во Кина.

На денешната презентацијата на онлајн продавницата беше напоменато дека онлајн продавницата на „Минисо Македонија“ нуди повеќе од 8.000 производи, за различни возрасти и интереси, во голем број разновидни категории како канцелариски материјали, козметика, ароматични производи, чанти и аксесоари, електроника и електрични уреди, играчки, нега на кожа, и други.

– „Минисо“ со повеќе од 4.200 отворени продавници во над 80 земји и региони од 2013 година, има цел да прерасне во бренд, совршено усогласен со денешните млади, појасно разбирајќи ги нивните ставови и однесувања, за да им го донесе најпријатното можно искуство за купување. Станува збор за еден од најфлексибилните бизнис модели на малопродажба – почнувајќи од структурата на работење на франшиза, па сè до материјалите од светска класа за набавка на синџири на снабдување и производство кои истиот ги нуди, што за нас, на некој начин, беше еден од клучните фактори да го донесеме Минисо во Македонија – изјави Кристина Маркоски Зимбакова, генерален директор на Минисо Македонија.

Еден од главните фокуси на „Минисо Македонија“ е обезбедување поддршка на младите македонски пејачи. Доказ за тоа е соработката со младата пејачка Лара Иванова, која е бренд амбасадор на Минисо онлајн, а која заедно со познатите уметници Роберт Билбилов, Александра Јанева и Полина, веруваат во успехот на овој бренд и ветуваат многу изненадувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот