Ибраими: Договорите Ахмети – Тачи и Села – Касами се прагматични

Селим Ибраими, аналитичар/ Фото: Скриншот
Селим Ибраими од Институтот за безбедносни студии и развој – „ИССД-Македонија“ коментирајќи го договорот Ахмети-Тачи и Села-Касами вели дека и двата договори се прагматични и се во функција на зголемување на гласовите во вториот круг од локалните избори.

„Коалицијата БЕСА-АА има за цел победа на кандидатите или меѓусебна поддршка во општините каде исти партии се натпреваруваат со кандидатите на ДУИ. Договорот е последица на тој меѓу ДУИ, СДСМ и ДПА за вториот круг од локалните избори. Двата договори се прагматични и имаат за цел да ги зголемат гласовите во вториот круг. Ништо не е трагично од договорите меѓу двата блока и ова е добра работа што се случува во Северна Македонија. Треба да се каже дека ДУИ по локалните избори треба да се реформира заедно со партијата на Села каде што Зијадин Села треба да ја преиспита својата позиција во партијата. 31 октомври ќе ја одреди и судбината на коалицијата“, изјави Ибраими за „Слободен печат“.

Ибрахими: Во рацете на Мицкоски е формирањето на ново мнозинство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот