Ибрахимовиќ на 39 години ќе игра на Европско првенство?
Златан Ибрахимовиќ сезонава игра фантастично сезонава, со 10 гола во осум натпревари е најзаслужен што Милан е лидер во Серија А и наредната година доколку сака може да игра на Европското првенство.
Селекторот на шведската репрезентација, Јане Андерсон разговарал со Ибрахимовиќ за неговото евентуално можно враќање во репрезентацијата.
– Откако Ибрахимовиќ најави дека би сакал повторно да игра за репрезентацијата, одлучив во првата можност да имам средба со него и да разговараме за тоа. Вчера бев во Милано и можам да кажам средбата помина во позитивна атмосфера и се договоривме да ги продолжиме разговорите во наредните месеци – изјави Андерсон.
Златан Ибрахимовиќ во 2016 година се повлече од шведската репрезентација чиј дрес го носеше на 115 натпревари и постигна 62 гола.
Наредната година Шведска ќе игра на Европското првенство, а исто така ја очекуваат и квалификациите за СП 2022 година кое ќе се одржи во Катар и сигурно е дека со Ибрахимовиќ, апетитите на навивачите и на јавоста ќе се зголемат.