Иако се навлезени во шестата деценија од животот, сѐ уште важат за едни од најубавите жени во светот

За познатите актерки и супермодели, Никол Кидман, Хали Бери, Елизабет Харли, Моника Белучи и Деми Мур, годините се само бројка. Овие славни жени, кои работат или како актерки или пак како супермодели, а дел од нив се занимаваат и со двете професии, иако веќе од поодамна се навлезени во шестата деценија од животот, сѐ уште го носат епитетот „најубави жени во светот“.

Тие својот убав изглед, тврдат дека го имаат поради генетиката, но и како последица на здравиот начин на исхрана и континуираното вежбање. Ниту една од нив не зборува јавно, околу тоа дали и какви естетски зафати имаат направено за да ја зачуваат младоста и убавината иако се во поодминати години.

Никол Кидман

Една од „најнегуваните“ актерки на денешницата, Никол Кидман (52) тврди дека воопшто не се ограничува кога станува збор за внесувањето храна. Таа тврди дека буквално јаде сѐ.

EPA-EFE/WARREN TODA

– Пред две децении, на оваа возраст ќе бев отфрлена. Но, тоа повеќе не е така – коментирала таа во една пригода кога била прашана околу возраста и улогите што ги добива.

EPA-EFE/NINA PROMMER

Кидман вели дека, иако не е од оние што внимаваат што јадат, сепак на сите можни начини се обидува да му пркоси на стареењето. Најчесто тоа го прави со постојано пиење витамини и медитација.

EPA-EFE/EUGENE GARCIA

Сепак, и покрај сѐ, годините си го земаат данокот, па таа во 2013 година признала дека користела ботокс.

Хали Бери

Кога станува збор за оскаровката Хали Бери (53), нејзините следбеници знаат дека нејзиниот младешки изглед и витата фигура се должат на континуираното вежбање.

EPA-EFE/NINA PROMMER
Хали бери
EPA-EFE/MIKE NELSON
Хали бери
EPA-EFE/NINA PROMMER

Славната актерка многупати досега кажала дека буквално ужива да тренира, па најголем дел од денот кога нема снимање го поминува вежбајќи.

Хали Бери открила дека додека вежба, сака да се истегнува, откривајќи дека на тој начин станува многу посмирена.

Елизабет Харли

Англиската актерка Елизабет Харли (54) е исклучително активна на социјалните мрежи каде што објавува фотографии од себеси.

Instagram

Фановите честопати даваат позитивни коментари за нејзината линија, а во една пригода, актерката открила дека постојано внимава на тоа што го јаде, бидејќи „на овие години нема место за грешки“.

Instagram

 

Моника Белучи

Моника Белучи (55), пак, тврди дека не е опседната со тоа дека мора да биде слаба бидејќи, како што вели, таа е жена со облини.

– Доколку си природно слаба, тогаш тоа е супер, но доколку имаш облини, тогаш мислам дека не мораш по секоја цена да ја менуваш својата природна фигура – рекла Моника, која според многумина е една од најубавите жени во светот.

Таа вели дека од секогаш се обидува да јаде здрава храна, а кога ќе се прејаде, редовно вежба јога.

Деми Мур

Актерката Деми Мур (57) открива дека целиот свој живот била опседната со килограмите и со тоа колку тежи и дали во текот на денот каснала храна со повеќе калории.

Но како што признала таа, дури сега, на своја поодмината возраст, сфатила дека ваквиот начин на живот навистина нема смисла.

EPA/PETER FOLEY

Таа открила дека за нејзиниот младешки изглед е заслужна веганската храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот