Иако е еден од најздравите зачини, многумина би требало да го избегнуваат

Фото: Профимедиа

Ѓумбирот се смета за еден од најсилните растителни антиоксиданти. Веќе со векови се користи за подобрување на здравјето, а многу досегашни истражувања ја потврдиле неговата лековитост и ефикасност.

Овие се некои од неговите предности

Помага кај киселините во желудникот

Неадекватната исхрана е најчестата причина за киселините во желудникот. За да ги ублажите, една лажичка свеж исечкан ѓумбир ставете во филџан зовриена вода, по 10 минути процедете и испијте.

Ѓумбирот ќе го регулира нивото на желудочната киселина, а нема да предизвика нуспојави.
Истражувањата сугерираат дека редовното консумирање ѓумбир може да ја спречи и самата појава на киселините.

Ги намалува болките во зглобовите

Отечените зглобови го ограничуваат распонот на движењето и предизвикуваат интензивна, хронична болка. Материјата во ѓумбирот за која научниците сметаат дека го намалува воспалението се нарекува гингерол.

Некои студии, исто така, утврдиле дека ѓумбирот е еднакво делотворен како ибупрофенот во намалувањето на болките во зглобовите. Студијата од 2015 година утвдила дека, луѓето кои страдале од остеоартритис, ја ублажиле болката со примената на кремови и масти кои содржат ѓумбир.

Ја прави кожата поубава

Ѓумбирот, исто така, може да биде одличен за вашата кожа. Ја прави попроѕирна, а тенот поизедначен. Добар е за сите типови кожа и ѝ дава сјај, мекост и еластичност.

Учествува во борбата против ракот

Гингероли и екстрактот на ѓумбирот покажуваат делотворност во спречувањето на ракот на кожата кај животните. Исто така, ѓумбирот содржи и кверцетин, флавоноид со силни антиоксидативни активности.

Многубројни истражувања покажале дека кверцетинот може да влијае на спречувањето на развојот на различни видови рак, посебно на ракот на дојка, јајчници и простата, што се објаснува со способноста да се заштитат клетките од оксидативен стрес.

Истражувањата покажале дека ѓумбирот може да помогне во превенцијата на ширењето на клетките на ракот како и кај мачнините предизвикани од хемотерапијата. Изренданиот ѓумбир додадете го на сите јадења – супите, варивата, зеленчукот, маринадата. Чајот од ѓумбир направете го така што исечканиот ѓумбир ќе го варите 10 минути во вода.

Го подобрува варењето

Ѓумбирот можете да го користите како зачин, да го консумирате како чај или преку суплементи, така што тој го подобрува варењето на неколку начини. Ѓумбирот помага кај грчевите, синдромот на иритабилно црево, гасови…

Помага кај главоболката и мигрената

Освен страшна болка, мигрени, исто така, може да предизвикаат чувствителност на светлина како и мачнина и повраќање. Повеќе од 200 материи во ѓумбирот помагаат да се ублажат интензивните симптоми на мигрената.

Помага во губењето на килограмите

Ѓумбирот го поттикнува согорувањето на масните клетки, помага во одржувањето на подолгото чувство на ситост, го регулира апетитот и го забрзува метаболизмот. Истражувањата покажале дека лицата кои редовно консумираат ѓумбир внесуваат помалку калории.

Внимание!

Сепак, ѓумбирот не би требало да го консумираат децата помали од шест години, а трудниците пред консумирањето на ѓумбирот би требало да се посоветуваат со својот лекар. Би требало да го избегнуваат и оние кои земаат лекови за висок крвен притисок, дијабетес и против згрутчување на крвта, како и оние кои имаат проблеми со каменчиња во жолчката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот