И Забрчанец во самоизолација поради контактот со Зекири

Во самоизолација поради дебатата во четвртокот со Мухамед Зекири е и новинарката Душица Мрѓа од Телевизијата 24, додека другиот соговорник, Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека неговиот коронатест е негативен.

По веста дека другарот Мухамед Зекири има позитивен Ковид-19 тест, на препорака на епидемиолозите од денес сум во домашна самоизолација, соопшти националниот кординатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец на „Фејсбук“.

-Со Зекири бев на состанок одржан во четвртокот попладне, на 1.5 м растојание, со заштитна маска и со соодветна дезинфекција пред и после состанокот. Секако, заради избегнување и најмал ризик, ќе ја спроведам препорачаната самоизолација. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата. На Мухамед и семејството им посакувам брзо оздравување. Сите да ги почитуваме доследно мерките и препораките на епидемилозите и на тој начин да се заштитиме самите себе и сите околу нас, напиша Забчанец, напиша тој.

Претходно денеска, поранешниот пратеник на СДСМ Мухамед Зекири, на својот Фејсбук профил објави дека тој, неговата сопруга и тримесечна ќерка се позитивни на Ковид-19..

Во самоизолација поради дебатата во четвртокот со Мухамед Зекири е и новинарката Душица Мрѓа од Телевизијата 24, додека другиот соговорник, Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека се тестирал од коронавирус и неговиот резултат е негативен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот