И Ролан Гарос ќе им забрани настап на руските и белоруските тенисери?!

Ролан Гарос може да им стапи рампа за настап на Медведев, Рубљов, Сабаленка/ фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Организарот на следниот гренд слем турнир, Ролан Гарос планира да ги следи стапките на Вимблдон и да им забрани настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки.

Новинарот Стјуарт Фрејзер пишува дека во Франција се чекаше исходот од претседателските избори на кои победи Емануел Макрон за да започне со притисоците кон организарот на Ролан Гарос кој треба да им забрани настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки.

Наводно, француските власти ќе започнат со притисоци кон организаторот на следниот гренд слем турнир да не дозволи учество на тенисерите од овие две земји поради војната во Украина.

Дека политиката навлегува во спортот покажува и притисокот што го врши италијанскиот премиер Марио Драги врз организаторот на Мастерсот во Рим исто така да им стави рампа на руските и белоруските тенисери. Засега организаторот на Мастерсот одбива да го стори тоа и ги почитува правилата на АТП и ВТА за немешање на политиката во спортот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот