По повикот на Мицкоски, нема кривична за Филипче за сеење страв и паника дека Македонија ќе се наполни со мигранти

Откако премиерот Христијан Мицкоски јавно ги повика надлежните институции кривично да го гонат лидерот на СДСМ Венко Филипче бидејќи ги заплашувал граѓаните дека напролет Македонија ќе се наполни со мигранти, досега нема пријава до обвинителството за кривично гонење на опозицискиот лидер.

-До овој момент до јавните обвинителства не е доставена пријава од надлежните органи во врска со таков настан – велат кратко од Јавното обвинителство.

Оттаму не одговорија кои надлежни органи треба да поднесат пријава и дали овој одговор значи дека Обвинителството нема да започне постапка против Филипче по допрен глас.

Мицкоски минатата недела повика надлежните кривично да го гонат Филипче бидејќи, според него, опозицискиот лидер не прекинал „со сеење страв и паника“, иако Владата јасно демантирала дека со Велика Британија договорила внес на мигранти.

Филипче, пак, на средба со коалициските партнери, почна со реализација на стратегијата за „спас на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ“ и од мигрантите.

Николоски во Лондон го потпиша најголемото задолжување во независна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот