Сашо Клековски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

И Клековски е против минималец од 600 евра – така ќе сме имале нереална куповна моќ

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, вели дека јавната дебата за минималната плата, односно за нејзиното покачување на 600 евра, во Македонија се води „со погрешни споредби и мешање на баби и жаби“, особено кога се споредуваат нето и бруто износи, како и кога се игнорира паритетот на куповна моќ (Purchase power parity – PPP).

Клековски посочува дека Еуростат користи бруто плати, а не нето, токму за да се елиминираат разликите во националните даночни и социјални системи. Како пример ја наведува Црна Гора, која во нето износ има минимална плата од 600 евра, но во бруто износ таа изнесува околу 670 евра, додека македонската бруто минимална плата е 586 евра – што, според него, значи дека Македонија не е на дното во регионот.

Тој објаснува дека разликите произлегуваат од различни модели на оданочување и придонеси, при што Црна Гора има значително пониски придонеси и персонален данок, но повисок ДДВ. Таков модел, според Клековски, би можел да се примени и кај нас, но тоа ќе довело до повисоки цени за граѓаните.

Дополнително, Клековски нагласува дека паритетот на куповна моќ покажува реална слика за животниот стандард. Според податоците на Еуростат, минималната бруто плата во Македонија изразена во ППП изнесува 1.069 евра, со што земјата се искачува од 26. на 20. место меѓу земјите на ЕУ и кандидатите, влегувајќи во средната група.

Според неговата анализа, минимална нето плата од 600 евра би ја позиционирала Македонија во иста група со Германија и Холандија според куповна моќ, што, како што оценува Клековски, „не е реално со оглед на сегашното ниво на продуктивност во економијата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот