Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами вели дека здравјето на граѓаните во овие моменти е побитно од секоја политичка калкулација, и затоа во име на Движењето Беса, тој се припојува на барањата за одлагање на изборите за некој друг датум, кога ризикот од коронавирусот целосно ќе биде елиминиран.
-Нашата најголема победа ќе биде одбраната на здравјето на граѓаните. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат упатствата на здравствените институции и заедно за помогнеме во целосна елиминација на оваа пандемија-, напишал Касами на фејсбук.