Хутите извршиле шест напади врз бродови во последниве три дена

Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Јеменските Хути денеска соопштија дека во последните 72 часа извршиле шест напади со беспилотни летала и проектили врз бродови во Аденскиот Залив и Црвеното Море.

Хутите ги нападнаа „Маерск Саратога“, „Еј Пи Ел Детроит“, „Хуанг Пу“ и „Прити Лејди“ откако ги идентификуваа како американски или британски бродови, се наведува во изјава на портпаролот на групата Јахја Сарија.

Тој додаде дека групата нападнала и два американски разурнувачи во Црвеното Море, како и израелскиот град Еилат.

Сè уште не е јасно дали некој од бродовите бил погоден од дронови и проектили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот