Русин со лажна бомба го блокираше автопатот во Германија кој води до границата со Полска

Фото: EPA-EFE/MARCIN BIELECKI POLAND OUT

Германската полиција денеска на неколку часа го затвори автопатот на границата со Полска поради Русин кој носел лажна експлозивна направа, објави германскиот весник „Билд“.

Тревога за наводна бомба на поранешниот автомобилски граничен премин Лудвигсдорф (кај Герлиц) во Саксонија е прогласена откако во автомобилот на 43-годишен Русин била пронајдена сомнителна експлозивна направа, пишува весникот.

Како што објави „Билд“, полицијата пронашла предмет налик на петарда со жици и LED диоди, а на уредот била приклучена батерија.

Околу пладне полицијата го затворила автопатот во двата правци и повикала екипа за бомби, која на крајот утврдила дека бомбата е лажна. Сообраќајот е обновен два часа подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот