Хрватска е новиот светски шампион во ватерполо

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватска по трет пат во нејзината историја ја освои титулата светски шампион во ватерполо, претходните две ги имаше во 2007 и 2017 година.

Денеска во финалето одиграно на Светското првенство во Доха најдобрите хрватски ватерполисти ја совладаа Италија со 15:13.

Во победничките редови доминираше Константин Харков со четири голови, три запиша Јерко Мариниќ Крагиќ.

За Италијанците пет погодоци имаше Андреа Фондели, а по два Франческо Ди Фулвио и Николас Прешути.

Во натпреварот за третото место селекцијата на Шпанија со 14:10 триумфирае над Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот