Хрватска бара гробари, плата над 1000 евра, се бара само основно образование!

Фото: EPA-EFE/Peter Komka HUNGARY OUT

Општинските комунални претпријатија во Хрватска во моментов бараат десетици гробари. „Загреб холдинг“ и „Комуналац Самобор“ бараат на тендери најмногу погребници: по шест. Се бара само основно образование, искуството не е важно.

Подружницата на „Градски гробишта“ на ЗГ Холдинг нуди бруто плата од 1.127 евра, која се зголемува за 0,5 отсто за секоја година стаж, плус месечен нето надоместок од 177 евра. Севкупно, тоа е нешто повеќе од 1.000 евра нето месечно, без додаток за стаж. „Комуналец Самобор“, пак, нуди минимум, 840 евра бруто или приближно 680 евра нето месечно.

Бараат и двајца гробари во „Света Недеља“, а им се нуди плата од 1.210 евра бруто или приближно 900 евра нето. Тоа е за 32 отсто повеќе отколку во соседен Самобор. Конкурс за работното место гробар објави и Комуналец од Копривница. Но, не ја наведуваат платата што ја нудат.

Инаку, просечната нето плата во Комуналац од годинава е повеќе од 1.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот