Хрватот Иван направил базен во приколката од камионот – „Сакам сите да дојдат, заедно да се забавуваме“ (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Во дворот на семејството Вукоје од Хрватска овие денови навистина е весело. Иван Вукоје се сетил еден од своите девет камиони, кои ги има заедно со неговиот татко во нивната семејна фирма, да го направи базен за летни лудории.

– Превезуваме житарки, но жетвата и превозот веќе завршија, па во моментов разнесуваме слама по фармите, но решивме и малку да одмориме. Овој камион го користиме исклучиво за превоз на камен, но сега нема работа за него, па затоа тој е паркиран, вели Иван.

Тој вели дека идејата за голем базен во приколка ја добил од социјалните мрежи.

– Мојата жена веќе неколку дена ми зборуваше да купам базен за децата да се бањаат во дворот, но јас дојдов до друга одлична идеја. Го собрав друштвото и секој даде по некоја своја идеја, како да го изведеме тоа. Мојата сопруга ми кажа дека сум луд, но на крајот кога виде како излезе базенот, сега е задоволна, раскажува Иван Вукоје.

Во базенот не собира само деца, туку и чадори за сонце, два конпои, столици и шанк со ладни пијачки за возрасните. Се што е потребно за журка на базен.

– Напишавме на него „Covid20 ProLevel”, со цел базенот да има име и да ја одбележи целава ситуација што во моментов се случува. Најдоброто е што базенот е во самата приколка од камионот и можеме да го носиме каде сакаме. Во петок сакаме да го однесеме пред нашето кафуле, да викнеме и диџеј и да си направиме забава, изјави тој.

??‍♂️??‍♂️??

Publiée par Ivan Vukoje sur Mardi 21 juillet 2020

Откако го поставив базенот на социјалните мрежи сите ме прашуваат колку наплатувам карта, но јас не наплатувам, сакам сите деца и повозрасни од околината да се соберат, да има каде да се бањаат, да има забава, да заборавиме на грижите, појасни Иван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот