Хрват осуден на затвор, зошто лажирал километража на автомобил при продажба

Осудениот при продажба на автомобилот сторил две кривични дела, измама и фалсификување.

Општинскиот суд во хрватскиот град Вировитица осуди лице на една година затвор, затоа што лажело за поминатите километри кога продавало автомобил, пишува списанието ХАК.

Казната е условна, односно нема да оди во затвор доколку не изврши ново кривично дело во рок од три години. Пресудата стана правосилна пред една недела

„Н. Н. е виновен за невистинито огласување на автомобилот, односно при продажба навел дека има поминато 254.000 км, знаејќи дека автомобилот имал поминато повеќе од 300.000 км и го продал за сума од 5.500,00 евра. По четири дена дошло до расипување на пумпата за масло чија поправка чинела 11.000,00 куни, а имало и други дефекти на возилото.

Така, за да се стекне со недозволена имотна корист, тој погрешно ги претставил фактите и сторил кривично дело – измама и кривично дело фалсификување“, се вели во пресудата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот