Храбра трудница на фронтот во борбата против шумските пожари во Австралија

Фото: Инстаграм/katrobinsonwilliams96

Пожарите кои ја пустошат Австралија направија огромна материјална штета, а бројните пожарникари со денови се обидуваат да ја „стават под контрола“ огнената стихија. Меѓу нив е и младата Кет Робинсон Вилијамс, која се наоѓа во четврти месец на нејзината бременост.

Токму поради својата состојба се најде на цел на критичарите, а за оние кои не ја поддржуваат има само една порака: „Не ми е гајле ако не ви се допаѓа“.

Фото: Инстаграм/katrobinsonwilliams96

Таа на социјалните мрежи постави неколку фотографии од кои може да се забележи дека се наоѓа во „срцето“ на борбата против шумските пожари во сојузната австралиска држава Нов Јужен Велс.

Во Нов Јужен Велс (НЈВ) и Квинсленд избија повеќе од 150 помали шумски пожари кои се проширија кон источниот брег.

Во пожарите загинаа три лица, а повеќе од нив се повредени, вклучувајќи и 13 пожарникари.

– За сите жени кои се на терен сега во НЈВ. Заедно сме и стоиме гордо. Да, јас сум пожарникар, не, не сум маж. Женско сум и да, бремена сум, и да одам да ги гасам пожарите и добро сум, не сакам да останам во позадина – напиша таа под една фотографија на Инстаграм, на која може да се види снимката од нејзиниот ултразвук.

https://www.instagram.com/p/B4rZIhchpWp/?utm_source=ig_web_copy_link

Како што наведе, таа одлучила да реагира откако ја критикувале некои пријатели кои ѝ рекле да престане да работи поради тоа што е бремена.

Инаку, во пожарите изгореа или и понатаму горат 1,1 милиони хектари земја. Во НЈВ се евеакуирани повеќе од 300 домови, а прогласена е и вонредна состојба.

Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот