Хорор во Полска, ски скокач леташе 100 метри па лежеше облеан во крв

Полскиот ски скокач, Пјотр Зила, имаше стравичен пад на денешниот настап во Светскиот куп во Висла. За време на првиот дел од натпреварувањето кое се одржуваше на 90-метарска скокалница, Зила при доскокот ја изгуби рамнотежата и почна неконтролирано да лизга и кога застана целото лице му беше облеано во крв.

Лекарите веднаш дојдоа до Зила чие лице било крваво, а според извештаите, тој бил во бесознание.

Сепак, бронзениот од СП 2017 година, успеа да дојде при свест и сам да ја напушти скокалницата, а медиумите во Полска објавија дека тој имал исеченици на лицето и усната и дека одбил лекарска помош во возилото за инта помош.

– Зила се сеќава на секој детал од несреќниот пад и чувствува дека е се во ред со него. Најважно е што нема никакви сериозни последици по него – изјави лекарот на полската репрезентација во ски скокови, Александер Виниарски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот