ХОРОР ВО АВСТРАЛИЈА: Поранешен рагбист ги запалил сопругата и трите деца па се самоубил

twitter/BFM News

Роуен Бакстер ја шокира Австралија по веста дека неговото семејство изгорело во пожар во неговиот автомобил.

Според медиумите во Австралија не станува збор за несреќен случај, туку поранешниот 42-годишен рагбист на Вориорс, го запалил автомобилот во кој биле неговата 31-годишна сопруга Хана и децата Алија (6), Лајана (4) и Треј (3).

– Сум видел многу страшни сцени во истрагите, но оваа е најлоша од сите – изјавил шефот на полицијата во Бризбејн, Марк Томпсон.

Според сведоците на хорор настанот, сопругата на Бакстер излегла од автомобилот цела во пламен и врескала дека сопругот ја потурил со бензин.

„Ме полеа со бензин“, викала Хана, која веднаш била пренесена во најблиската болница, но како последица од тешките изгореници таа починала.


Дечињата починале на лице место во автомобилот, а Роуен се самоубил со со нож.  Медиумите открија дека парот долго време живеел одвоено и дека барале најдобар начин да се разведат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот