Холивудска кражба: 80 маскирани лица ги испразниле продавниците во Калифорнија

Полиција Калифорнија
Полиција и демнонстранти Калифорнија/ Фото EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

Десетици разбојници со скијачки маски упаднале во самопослуга недалеку од американскиот град Сан Франциско. При големите грабежи има тројца полесно повредени работници и двајца уапсени крадци.

Портпаролот на полицискиот оддел на Волнут Крик, калифорниски град кој припаѓа на заливот Сан Франциско, изјави дека околу 80 луѓе учествувале во грабежот на продавницата на синџирот „Нордстром“. Полицијата досега уапсила двајца, пренесува Ен-Би-Си њуз.

Според очевидци, грабежот не траел повеќе од една минута, а осомничените дошле на местото со 25 автомобили, блокирајќи ја улицата за време на инцидентот.

Еден работник во продавница бил испрскан со бибер, а двајца биле удирани со тупаници и клоци.

Кај сите тројца биле констатирани полесни повреди, па немало потреба од хоспитализација.

Според портпаролот на локалната полиција, одземена е неутврдена количина на стока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот