Холандски новинар му го побара пасошот на Модриќ да провери колку години има

Фото: Screenshot

Лука Модриќ ја предводеше Хрватска до финалето од уште едно големо натпреварување откако вчера ја совладаа Холандија во полуфиналето од Лигата на Нации.

Хрватскиот играч за врска во септември ќе наполни 38 години, но тоа не го спречува да игра на највисоко ниво, а вчера на теренот помина 119 минути. Модриќ беше заменет во финишот од второто продолжение кога Хрватска веќе го одлучи натпреварот и обезбеди триумд со 2:4.

Натпреварот 37-годишниот фудбалер го заврши со гол и асистенција и уште еднаш докажа дека може да игра врвен фудбал и покрај годините. По натпреварот интересна сцена беше видена во микс-зоната каде што холандски новинар го побара пасошот на Модриќ.

„Дајте ми го ве молам вашиот пасош. Затоа што неверојатно е да имате 37 години и вака да трчате 119 минути“, се обрати новинарот кон Модрииќ.

Со насмевка Модриќ одговори:

„Нема проблем! Ако сакате ќе ви го покажам после интервјуто. Да, мојот пасош покажува дека имам години колку што кажавте. Што да кажам? Навивачите ми даваат толку љубов и почит, тоа е неверојатно и затоа за мене е вистинско уживање да бидам на теренот“, изјави Модриќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот