Холандските експерти препорачаа прво затворање во Западна Европа од летово

Холандско знаме/Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL / POOL

Холанското Советодавно тело од експерти за пандемијата денеска го препорача првиот делумен карантин во Западна Европа од летото, со што се врши притисок врз владата да преземе драстични и непопуларни мерки во борбата против растот на случаите на Ковид-19. Владата на преодниот премиер Марк Руте се очекува утре да одлучи за новите мерки, по препорака на експертската комисија, јави телевизијата НОС.

Меѓу мерките што се разгледуваат се откажување настани, затворање театри и кина и предвремено затворање на кафулињата и рестораните, јави телевизијата.

Училиштата засега се препорачува да останат отворени. Владата често пари, но не секогаш, ги следи препораките на овој експертски тим. Многу развиени земји соопштија дека не се потребни дополнителни затворања поради вакцинацијата, иако бројот на заразени во многу земји се зголеми до рекордни нивоа.

Земјите како Велика Британија се потпираат на дополнителната доза од вакцината за да го зајакнат имунитетот и да избегнат пренатрупаност на здравствениот систем во текот на зимата.

Холандија досега обезбеди дополнителна доза вакцина само на мала група луѓе со намален имунитет. И покрај вакцинацијата на возрасната популација за околу 85 отсто, болниците во некои делови на Холандија се принудени да го намалат вообичаениот третман на пациентите за лекување на пациенти заразени со Ковид-19.

Минатиот месец, просекот на невакцинирани пациенти со Ковид-19 во холандските болници изнесуваше 59 години, во споредба со 77 години меѓу вакцинираните пациенти, наведува Холандскиот институт за здравје (RIVM).

Околу 56 отсто од холандските пациенти со Ковид-19 биле невакцинирани или само делумно вакцинирани. Од пациентите во одделенијата за интензивна нега, 70 проценти не биле вакцинирани или само делумно вакцинирани.

Од минатата недела во Холандија маските повторно станаа задолжителни и се прошири списокот на места за кои е потребен сертификат за коронавирус што покажува дека некое лице е вакцинирано, заздравено од заразата или има негативен тест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот