Хоџа: Зголемувањето на акцизата за 3 денари е антикризна мерка и директна инјекција во државниот буџет

Портпаролот на Владата Мухамед Хоџа на денешната прес-конференција за зголемување на акцизата за 3 денари рече дека е донесена е уредба за дополнување на уредбата за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.

– Уредбата е донесена за да се ублажат економските последици од трошоците за справување со Ковид-19 и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби. Воедно зголемувањето на износот на акцизата нема да предизвика финансиски импликации за правните субјекти и населението, бидејќи цената на нафтата на светските берзи предивикува значително намалување на малопродажните цени во нашата држава.

Согласно оваа уредба цената на акцизата се зголемува за 3 денари. Имајќи предвид дека имаме пад на цената на нафтата имаме услови за преземање на ваква мерка, односно зголемување на акцизата како антикризна мерка во борба против коронавирусот.

Сите средства ќе одат во буџетот, односно во фондот за справување со коронавирусот, за поддршка на стопанството и социјалните мерки.

Промената е незначителна во однос на падот на цената на нафтата од јануари до сега. Во услови кога цената на нафтата е падната за 20 денари зголемување на акцизата со 3 денари нема да се одрази на транспортните услуги.

Според проектираните сценарија падот на приходот од акциза на нафтени деривати би изнесувало 12 отсто споредено со 2019 година или 30 милиони евра ако остане моменталната цена на акцизата. Оваа мерка за правично решение за зголемување на акцизата за 3 денари е антикризна мерка. Македонија има најниска цена на акцизата во однос на други земји од регионот. Покачувањето е директна инјекција за државниот буџет за справување со кризата со Ковид-19 – рече Хоџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот